Надал пишува историја: Во 2005 година ми рекоа треба да се пензионира, сега е рекордер!

Чичкото на Рафаел Надал, Тони се присети на неколку настани од минатото, односно од периодот кога му беше и тренер на актуелниот светски број 1.

Шпанецот повторно не успеа да дојде до титулата на Мастерсот во Лондон, но годината ќе ја заврши како лидер на АТП листата бидејќи и Ѓоковиќ е елиминиран во групната фаза. Тони Надал откри што бил советуван пред 14 години кога неговиот внук влегувал во професионалните води.

„Во 2005 година ми велеа дека Рафа треба да прекине со играње тенис. Покрај сите рекорди што ги собори, сега е и најстариот број 1 на крајот на годината, во историјата“, изјави Тони Надал.

Во моментов Рафа има 840 бода повеќе од Новак Ѓоковиќ, а шанса да ја зголеми предноста ќе има веќе во јануари, на Австралија Опен каде Србинот ја брани титулата.