Надал: Не дека Ѓоковиќ е главен виновник, но е еден од најодговорните!

Шпанците поттајно ликуваат што Новак Ѓоковиќ не доби шанса за настап на Австралија Опен, со тоа шансите им се зголемуваат за трофеј на сите останати на овој гренд слем турнир.

Како што пред некој ден, Надал истакна, Ѓоковиќ требало да се вакцинира, сега ретерираше од тоа, во смисла дека тој не е единствениот виновник, но дека е еден од одговорните за ваквата ситуација.

Веќе сум уморен од вакви приказни, пред една недела, кога ја доби правната битка за визата, реков дека правдата си го кажа своето. Тогаш соопштија дека визата е во ред, искрено и фер. Вчера рекоа нешто друго, а јас никогаш нема да одам против правдата“.

„Во идеален, спортски свет, најдобро е кога најдобрите играат. Да играше Ѓоковиќ, ќе биде добро. Јас секогаш ги почитувам своите ривали, бидејки посебно со Ѓоковиќ имам добри односи. Ситуацијата беше доста комплицирана и не ми слам дека е единствен кој погреши. Има повеќе одговорни и виновни, но и тој е еден од одговорните за ваквата ситуација“, истакна Надал.