Шпанскиот тенисер Рафаел Надал успеа да ги преживее проблемите со повредата на стомачниот мускул и по четири часа и 21 минута криза со 3:2 во сетови го совлада Тејлор Фриц и обезбеди пласман во полуфиналето на Вимблдон.
Надал во два наврати имаше негатива еден сет, но најде начин да се врати во игра и да слави над расположениот Американец.
„Уживам да играм вакви натпревари пред навивачите, не можам доволно да ви се заблагодарам за се. Ова беше тежок ден за мене против одличен играч, Тејлор кој игра одлично цела сезона. Не ми беше лесно, но среќен сум што сум во полуфиналето. Здравјето ми е генерално добро, но мојот стомак не е во најдобра состојба. Морав да најдам начин да сервирам поинаку. Мислев дека нема да можам да го завршам мечот, но ме носеа теренот и енергијата од трибините. Ви благодарам за тоа“, изјави Надал по дуелот со Фриц.
Во полуфиналето, тој ќе игра против Ник Кирјос кој игра фантастично во Вимблдон и покажа дека се наоѓа во фантастична форма.