Надал нападнат од „своите“ во Мајорка: Тој е повреден и разочаран

Жестоки критики до Рафаел Надал пристигнаа деновиве поради неговото градење на „тениската академија“ во родниот Манакор.

Славниот ас верува дека тоа е смислена провокација да биде извалкано неговото име.

Рафа Надал истакна дека е разочаран и повреден поради критиките кои на негова сметка пристигнаа од граѓаните на неговиот роден крај, кои го обвинуваат дека добива одредени бенефити од градските власти.

Како и секоја личност, боли кога ќе добиете неправедни и невтемелени удари кои имаат за цел да ве дискредитираат и да го извалкат вашето име“, порача Надал.

Кралот на земјата, категорично отфрли обвинувања дека добива одредени повластувања од градските власти за академијата.