Надал му даде шанса: Ѓоковиќ, сепак, може да биде прв на крајот од сезоната

На Рафа Надал му требаше титула на Мастерс за да ја заврши годината како лидер на АТП листата.

Добро играше, се до денеска кога одлучи да го предаде дуелот со Шаповалов, наводно поради истегнување на стомачните мускули. Со тоа се прости од можеби планирани 640 бода кои ќе мора да ги надополни на завршниот Мастерс во Лондон, подоцна овој месец.

Надал в понеделник секако ќе биде лидер на АТП листата, но ако Ѓоковиќ утре го победи Шаповалов, разликата меѓу нив ќе биде 640 бода. Ако Србинот загуби, таа ќе изнесува 1.040 бода. Многу работи сега зависат од Надал, ако тој биде здрав и игра во Лондон, ќе му треба пласман во финалето, со максимален број победу претходно, за да го задржи првото место.

Како и да е, Ѓоковиќ неочекувано доби шанса да се врати на првото место и таму да го дочека крајот на годината што би бил голем успех за него.