Надал може уште долго да остане прв, ништо не зависи од Ѓоковиќ

Најновата АТП ранг листа објавена денеска ја потврди големата разликаод 840 бода меѓу првопласираниот Рафаел Надал и неговиот следбеник Новак Ѓоковиќ.

Така ќе остане не само до крајот на годината, туку и до почетокот на првиот Гренд слем во новата сезона, Австралија Опен кој стартува во третата недела од јануари. Промени може да нема ниту до претстојната пролет бидејќи Надал не брани многу бодови и на следните турнири по Мелбурн.

На Австралија Опен брани финале, но Ѓоковиќ ја брани титулата, па евентуален кикс уште повеќе ќе ја зголеми разликата меѓу нив двајца. Потоа, во Мексико, Шпанецот беше елиминиран во второто коло, во Индијан Велс во полуфиналето, во Мајами не ни настапи, а во Монте Карло, Барселона и Мадрид, исто така, загуби во полуфиналето. Се над ова ќе му донесе нови бодови и можност да го продолжи својот престој на првото место. Четирите титули оваа сезона ги освои во периодот од мај до септември, па можеби тоа е периодот кога може да дојде до промена на челната позиција.