Надал: Моето тело е како стара машина на која и треба време за добар старт

Рафаел Надал смета дека на Ролан Гарос има многу кандидати за титулата, не само Новак Ѓоковиќ, туку дека ќе има и други претенденти.

Надал деновиве беше елиминиран од Мадрид, сега ќе игра во Рим, но со мислите е веќе кон Ролан Гарос.

„Мора да продолжам да напредувам, малку е поразлично сега. На пример во 2020 година, пред Ролан Гарос играв само во Рим, ќе ми треба повеќе време да се подготвам“.

„Генерално, не беше негативна недела во Мадрид, иако тој турнир поради надморската висина е најкомплициран за мене. Кога нема да го допреш рекетот шест недели, не можеш така лесно да се движиш по теренот. Телото ми е стара машина и потребно е време за таа машина да проработи. Мора да ја вратам брзината, надежта и своето движење на начин на кој што морам“, порача Надал.