Надал ја освои Канада и го откажа учеството во Синсинати

Вториот светски рекет ја освои 35. Мастерс титула во кариерата откако триумфираше на турнирот во Монтреал.

Во финалниот меч тој го совлада Данил Медведев од Русија со 2-0 (6-3, 6-0) и го искористи неиграњето на Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ. Тоа е трета титула за Надал оваа сезона, но прва на подлога што не е земја. Претходно триумфираше на Мастерсот во Рим и Ролан Гарос.

Веднаш по триумфот во Монтреал, Шпанецот го откажа своето учество на Мастерсот во Синсинати кој почнува денеска.