Надал ја одложува операцијата бидејќи може да му ја заврши кариерата

Рафаел Надал се мачи и тоа е очигледно, но сепак има најдобри можни резултати. Тој од почетокот на сезоната освои два Грен слем трофеи, а сега е потврдено дека ќе игра на Вимблдон.

Тој страда од болки во стапалото и тоа е општо познато, а сега неговиот поранешен тренер и вујко, Тони Надал, истакна дека ќе има проблеми доколку Надал замине на операција која би му ги решила проблемите со стапалото.

“Разговарав со него. Прво тој рече дека има болки, а потоа разговаравме вчера и ми рече дека е многу подобар и дека сака да тренира. Ако има најмала шанса, ќе игра на Вимблдон. Тој ќе излезе на теренот во понеделник“, изјави Тони.

Рафа не сака операција само за да ги осуети плановите на Новак Ѓоковиќ, кој и од оваа перспектива е главен фаворит, за да може за десет години да се пофали со поголем број Грен слем трофеи.

“Ако се оперира, се е готово, нема да мора повеќе да игра на високо ниво. Затоа не сака да се оперира, инаку операцијата не би претставувала проблем”, истакнува Тони Надал.