Надал имал интересна занимација за време на мечот Ѓоковиќ – Мусети

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ важат за двајца најголеми фаворити за освојување на Ролан Гарос и годинава.

Иако српскиот тенисер последната рунда имаше сериозна закана да биде елиминиран од италијанскиот тенисер Мусети, сепак, направи пресврт и дојде до пласман во осминафинале.

Надал кој полесно ја заврши својата „домашна задача“, против Јаник Синер, истакна дека не го гледал цел натпревар на неговиот најголем ривал, бидејки во тој момент играл „не лути се човече!“.

Не го гледав последниот натпревар на Ѓоковиќ, бидејки играв „не лути се човече“, го испратив мечот само до оние 4:4 во вториот сет, додека Мусети не доби тај-брејк“.

Шпанецот им замери на организаторите за тоа што ги палат рефлекторите на теренот „Филип Шатрие“ порано од очекуваното.

„Ги прашав судиите, ми рекоа дека тоа е поради ТВ преносот, па им реков дека и претходно се вршеле ТВ преноси, па не биле запалени светлата така рано“, истакна Надал.