Надал го растури Вердаско и се пласира во полуфинале – оди на 9 титула во Рим

Рафа Надал е дефинитивно решен да ја одбрани титулата во Рим, тој денеска експресно го порази Фернандо Вердаско со 2:0 во сетови, 6:4, 6:0, за нецели 100 минути.

Првиот сет беше нешто по драматичен и неизвесен, додека вториот беше само рутина за трофејниот шпански тенисер.

Вердаско денеска не беше на потребното ниво, а тоа само му го олесни патот на Надал кон полуфиналето, каде сега го чека дуел со гркот Циципас.

Да потсетиме, Надал првата од осумте титули овде ја освои пред 14 години, после која врза две по ред.