Надал ги образложи причините за поразот од Зверев во полуфиналето

Рафаел Надал е елиминиран од Александар Зверев на турнирот во Париз, шпанскиот тенисер едноставно немаше сили да му парира на расположениот Германец.

Рафа е срушен во полуфиналето со 6:4, 7:5 за 101 минути игра, а по натпреварот образложи за причините поради кои е поразен.

„Противникот играше одлично, тој ги освои претходните два турнири а и овде игра на високо ниво. Го заслужи финалето. Играв и јас добро, имав добар ритерн, но на почетокот беше невозможно да одговорам на неговите сервиси“.

„Тој ми праќаше бомби, погодуваше на вистинските места цело време. Морав да одам на осум метри зад основната линија и мислам дека тоа ми помогна. Но сепак, тој е навистина добар. Не сум среќен поради поразот, но тоа е дел од играта. Го прифаќам поразот, Зверев беше подобар“, истакна Надал.

Во финалето Зверев игра против Данил Медведев, тоа се игра денеска од 15 часот.