Надал е во „аут“, Шпанецот во очајна форма пред Ролан Гарос

Десеткратниот освојувач на трофејот на Мастерсот во Рим, оваа сезона нема да го брани пехарот освоен лани бидејќи испадна уште во осминафиналето.

Подобар од Рафаел Надал беше Денис Шаповалов кој триумфираше со 2-1 (1-6, 7-6, 6-2) и обезбеди пласман меѓу осумте најдобри. За Шпанецот ова е втора рана елиминација по ред откако минатата недела загуби во четвртфиналето од Мастерсот во Мадрид.

Следен голем турнир е Ролан Гарос каде Надал беше неприкосновен во минатото, но полека станува јасно дека во Париз нема да оди во посакуваната форма.