Надал е голем и во неговите пехови!

Некогашниот тренер, а сега спортски аналитичар, Алекс Корача го поздрави Рафаел Надал за сите негови подвизи низ кариерата.

Некогаш вториот светски рекет, смета дека пресконференцијата на која Надал објави дека нема да биде на терените извесен период, го смета за добар потег.

Тоа беше паметна одлука, да се тргне и да не се турка напред, затоа што во спротивно за две недели ќе се прашувавме дали е подготвен за Вимблдон. Доколку не е, дали ќе биде подготвен за летната сезона? Тоа ќе се вртеше и повторуваше во круг до недоглед“.

Секоја чест за него што го направи тоа, тоа е потег на голем спортист. Едноставно сака да се тргне на страна и да види дали ќе биде свеж за да продолжи да игра и следната сезона“, порача Корача.

Голем пех за неговите фанови е што нема да го гледаат на Ролан Гарос, каде цела кариера е неприкосновен владетел.