Надал доби награда од кралот и најави до каде е неговата кариера

Во Мадрид, Рафаел Надал ја прими наградата од кралот на Шпанија Фелипе IV и во таа прилика нагласи дека не планира наскоро да ја заврши кариерата.

Се надевам дека оваа награда не ми е доделека мислејки дека кариерата ми е завршена, ќе играм уште“, порача Надал.

Надал оваа сезона освои два гренд слем трофеи, Австралија Опен и Ролан Гарос, но се мачеше со повредите.

Ова беше различна и компликувана година, освен повредите, имаше тука и некои лични вести“, порача Рафа, мислејки на компликациите при породувањето на неговата сопруга.

Рамнотежата е се во животот. Кога работите конечно одат доро, не треба да мислите дека сте Супермен, а кога оди лошо, не гледајте на себе како да сте најлош на светот“, порача Надал.