Најдобрата македонска судиска двојка Ѓорѓи Начевски-Славе Николов ќе биде дел и од претстојното Европско ракометно првенство кое во периодот од 10 до 28 јануари 2024 година ќе се одржи во Германија.
ЕХФ ја објави листата на арбитри кои ќе ги водат натпреварите на шампионатот, а на неа, очекувано се најдоа и Македонците за кои ова ќе биде седми континентален шампионат во низа. Со години тие се меѓу најдобрите и во светот за што доказ беше тоа што го водеа финалето на Олимписките игри во Токио во 2021 година.
Потсетување дека најдобрата македонска репрезентација обезбеди пласман на овој континентален собир, се наоѓа во групата „А“ заедно со домаќинот Германија, Франција и Швајцарија.