На заминување, Валверде испрати писмо до сите во Барселона

Сега веќе поранешниот тренер на Барселона, Ернесто Валверде, се огласи по напуштањето на клубот.

Само 12 часа по неговиот отказ, клубот од Каталонија го назначи Кике Сетијен за нов предводник на тимот.

При заминување, Валверде испрати писмо до клубот и играчите.

„Дојде мојот крај во Барселона, беа тоа две ипол убави и напорни години. Во тој период имав среќни моменти, имав освоени трофеи, но и оние кои беше тешко да се поднесат и прифатат“.

„Пред се, сакам да истакнам свое искуство за минатиот период. Сакам да му се заблагодарам на претседателот Бартомеу, благодарница до бордот на директори, тие ме прашаа дали сакам да го водам првиот тим и во нив имав блиски соработници во тој период. Им благодарам и на играчите за сиот напор кој го вложуваа, нека имаат среќа во иднина. Честитки и за новиот тренер Кике“, порача Валверде.