На Вимблдон можеби му се спрема „одмазда“ на Ѓоковиќ

Италијанскиот тенисер Марио Беретини, кој минатата сезона беше поразен на Ролан Гарос и УС ОПЕН, најави можна одмазда.

Беретини истакна дека редовно ги следел натпреварите овој период на Новак Ѓоковиќ, добро го анализирал и дека ќе се обиде на Вимблдон годинава да го возврати ударот.

Седнав со мојот тим и ги гледавме мечевите, за да може да видиме што може да направиме, што е тоа што го правиме лошо. Да го победите Ѓоковиќ на еден гренд слем турнир е тешка работа“.

Тој има скор 0-4 во однос на Новак Ѓоковиќ, па верува дека може да го победи на Вимблдон.

Секој пат кога играм против него, напредувам, дури иако го изгубам натпреварот. Мислам дека е крајно време да го победам. Минатата година го играв своето прво гренд слем финале, а тоа беше за него 30-то. Сметам дека не сум така далеку, па ќе се обидам да го победам“, порача Беретини.