На ваква сезона, Ливерпул не успеа ни да го симне рекордот на Сити!

Кога во март, пред прекинот предизвикан од пандемијата со корона вирусот имаше само еден пораз и едно реми на 28 одиграни натпревари, Ливерпул имаше сигурен пат кон бесмртните во англискиот фудбал.

Висеше рекордот на Манчестер Сити од 100 освоени бода во една сезона, остварен пред две години, а висеа уште неколку рекорди кои „црвените“ можеа да ги соборат. По прекинот, Ливерпул повеќе не е истиот. Точно е дека ја освои првата шампионска титула по пауза од 30 години, но на седум одиграни натпревари досега оствари само три победи и тоа против Кристал Палас, Астон Вила и Брајтон, екипи кои се наоѓаатр од 14. позиција надолу.

Тотално беше уништен од Манчестер Сити, загуби и од Арсенал, а ремизираше со Евертон и Барнли. На таква сезона, не успеа ни да го совори рекордот на Манчестер Сити бидејќи максимум што може да направи е да дојде до 99, а во последните две кола го пречекува Челси и гостува кај Њукасл.

Општа е оценката на Островот деа овој Ливерпул не е најголемиот тим на сите времиња, прашање е и дали може да биде на второто место иако според бројот на освоените бодови, ќе се најде таму. Тоа што сезоната ќе ја освои со само еден трофеј, со елиминација во осминафиналето од Лигата на шампионите и без ниеден од куповите, е само аргумент повеќе дека сме виделе и подобри од него во Англија.