На цела мака, Јунајтед постави и негативен рекорд

Манчестер Јунајтед со пораз ја почна новата сезона во Лигата на шампионите, а врв на разочарувањето е статистиката која вели дека тимот поставил негативен рекорд.

Поточно го израмни најслабиот ефект во историјата на клубот бидејќи кон противничкиот гол упати само два удара, најмалку на натпревар од Лигата на шампионите. Двата шута беа на Роналдо, првиот заврши во мрежата во 13. минута, а вториот беше упатен во 25. минута.

Идентичен ефект Јунајтед имал во сезоната 2003/04 од кога тимот одиграл 138 натпревари во Лигата на шампионите.