На шампионот Верстапен не му се допаѓа новото правило: Тоа прави хаос и ужас

Макс Верстапен се пожали на новите прописи и правила во Формула 1, во боксовите за време на квалификациите.

Трикратниот светски шампион ги искритикува промените и ги нарече хаотични и опасни по возачите. Посебен проблем е новото правило кое беше воочен во квалификациите во Мексико.

Според новите правила, возачите не смеат да запираат во брзата стаза на боксот, а за време на квалификациите за трката испринтот, можат да направат растојание помеѓу семафорот за боксот и линијата која се спојува со патеката.

Ова воопшто не функционира, само прави поглеми проблеми. Погледнете што се случуваше во квалификациите, многумина мораа на тревникот, вклучувајки ме и мене. Беше направен хаос и тоа не е добро, не се постигна ништо, освен хаос. На другите патеки ќе се случи да се вози доста побавно на место каде останатите итаат со 300 на час, тоа е ужасно и опасно“, порача Верстапен.