На Португалецот му е досадно: Роналдо си купува нова „ѕверка“

Во моментите на пауза во европскиот фудбал, Кристијано Роналдо се врати во својот роден град, но очигледно му е досадно, па одлучи да троши пари.

Италијански медиуми пишуваат дека одвоил 9,5 милиони евра за Бугати Чентодиечи, односно еден од само десетте примероци од овој модел кои излегоа од фабриката.

Нема официјална потврда на оваа информација, но познато е дека Роналдо е голем љубител на скапи автомобили, во својата колекција има Бугати Широн и Бугати Вејрон.