На почетокот од ЕП: Македонија тесно поразена од фаворитот Шпанија

Македонските кошаркари до 16 години, денеска забележаа тесен пораз од еминентната селекција на Шпанија, во меч одигран во Удине, каде „црвено-жолтите беа поразени со 57:61.

Кадетите имаа прилично солиден настап, но на крајот веројатно недостасуваше нијанса за победа против реномираниот противник.

Уште од самиот почеток, Шпанија беше за нијанса подоминантна од избраниците на Дервишевиќ, па добивајки ги првите три четврини, Шпанија влезе во мирен финиш во последните 10.

Иако кадетите направија извесна серија, се доближија на поен негатива на две минути пред крајот, но сепак победата и припадна на Шпанија.

Веќе утре кадетските репрезентативци имаат нов предизвик, против селекцијата на Из раел.