На неколку часа пред церемонијата: Познат добитникот и конечниот поредок за „Златната топка“

Вечерва во Париз со почеток од 21:00 часот ќе биде одржана церемонијата за „Златната топка“, но се поставува прашањето дали истата носи некаква неизвесност.

Веќе со месеци се шпекулира дека нејзин освојувач ќе биде Лука Модриќ, неодамна дури се појави и неофицијален поредок на првите тројца (Модриќ, Роналдо, Гризман), додека сега, на неколку часа пред почетокот на церемонијата, пристигнува ексклузивна фотографија од комплетниот поредок на играчите во борбата за ова признание.

Секако, наградата навистина ќе му припадне на Лука Модриќ, кој, судејќи по фотографијата, освоил 753 бода, многу повеќе од Кристијано Роналдо (476) и Антоан Гризман (414).

Неофицијалните податоци велат дека на четвртото место завршил Мбапе, додека Меси е дури петти. Понатаму следуваат Мохамед Салах, Рафаел Варан, Еден Азар, Кевин Де Брујне, Хари Кејн, Нголо Канте, Нејмар…

Ако може да се верува на листата, двајца фудбалери кои конкурираа за „Златната топка“, не освоија ниту еден бод – Иско и Уго Лорис.