На Надал му пречеше потегот на организаторот за време на мечот против Синер

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја продолжи својата мисија во одбрана на титулата на Ролан Гарос годинава.

Вчера тој беше подобар од Синер со 3:0 во сетови (7:5, 6:3, 6:0), по што се пласираше во четвртфинале од неговиот омилен турнир.

По победата, Надал се пожали на организатороат, односно на моментот кога светлата почнале прерано да се палат на теренот „Филип Шатрие“.

Мислам дека прерано се запалија светлата, а сонцето се уште даваше одблесок на една страна од теренот и беше многу непријатно. Многу ми пречеа светлата. Прашав зошто се палат рано светлата, ми рекоа дека е поради ТВ преносот, но јас велам, па имаве ТВ преноси и пред тоа да бидат воведени светла на Ролан Гарос“, порача Рафаел Надал.