На многумина омилениот напаѓач во Премиер лигата кажа ЗБОГУМ!

Еден од најдобрите напаѓачи во последните две децении во Премиер лигата, Питер Крауч дене се реши да објави крај на карирата.

Искусниот напаѓач пред неколку месеци се пресели во Барнли, со кој на крајот на сезоната му заврши договорот па практично во овој клуб ја завршува и кариерата.

„По многу размислувања летово решив да се збогувам со фудбалот. Нашата преубава игра ми даде многу. Благодарен сум на сите кои ми помогнаа да играм“, напиша Крауч.

Крауч својата кариера ја започна уште во далечната 1998 година како дел од Тотенхем, каде подоцна заигра во првиот тим од 2009 до 2011 година.

Исто така, ги бранеше боите на клубовите Квинс Парк Ренџерс, Портсмут, Астон Вила, Норич Сити, Саутемптон, Ливерпул и Стоук Сити, во кои помина осум години. За селекцијата на Англија, играше од 2005 до 2010 година.