На Интер ќе му се повтори „Един Џеко“, најтешко се преговара со Тотенхем!

Познато е со какви проблеми се соочи Реал кога преговараше за трансферите на Лука Модриќ и Герет Бејл, познати се и други случаи кога Тотенхем тешко се откажува од своите фудбалери, дури и кога работи против себе.

Таква е сега ситуацијата со Кристијан Ериксен кој на крајот од сезоната може да го напушти Лондон како слободен играч и без никаква отштета. Цената која за Данецот ја постави Тотенхем изнесува 20 милиони евра, а Интер не сака да даде повеќе од 12. Иако агентот на Ериксен веќе пристигна во Милано и ги договори личните услови, проблем се преговорите со Тотенхем.

Така Интер веројатно ќе остане без планираното засилување како што тоа беше случај со Един Џеко во текот на минатото лето.