На Ѓоковиќ му забранија настап на турнир кој требаше да го игра по цели 18 години

Oткако беше потврдено дека Новак Ѓоковиќ нема да игра на турнирите во Америка, Индијан Велс и Мајами, сега поради бизарна причина, нема да може да настапи и на турнирот во Сан Ремо.

Според членот 7.07 на АТП правилникот, објаснето е зошто Ѓоковиќ нема да биде виден и во Сан Ремо.

Играчите кои се во топ10, 21 ден пред првиот понеделник на АТП Челинџер турнирот, забрането им е да се пријавуваат, да прифатат вајлд карта и да се натпреваруваат во Сан Ремо“, стои во правилникот.

Ѓоковиќ од 2005 година го нема освоено Сан Ремо, кога всушност наполни 18 години, а иако најавите беа дека ќе биде присутен годинава на турнирот, сепак тој и овде не исполнува бизарен критериум за да игра.