На Федерер ова му се нема случено 5 години

Швајцарскиот ас Рожер Федерер неделава излезе од топ10 играчи на АТП ранг листата, нешто што значи негативно остварување за него.

Освојувачот на 20 гренд слем турнири, за прв пат по 2016 година, ќе биде надвор од десетте најдобри во белиот спорт.

До овој пад дојде и порано, меѓутоа, доскорашното правило за заштита на бодовите, го оддржа на в рвот од почетокот на пандемијата.

Него во топ10 сега го замени Хурберт Хуркач, полскиот тенисер кој го совлада на Вимблдон оваа година, а тоа е инаку последниот меч на Рожер пред операцијата на коленото.

Последен пат кога Федерер беше надвор од топ10, тоа беше од периодот 7 ноември 2016 до 30 јануари 2017 година.