На Бугарија црно и се пишува – виновник ќе биде Бојко Борисов

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов кој се уште е активен фудбалер јавно го изрази незадоволството од скандалот кој се случи во Софија на мечот против Англија.

Бојко беше разочаран до бугарски навивачи кои на расна основа ги навредуваа англиските фудбалери, притоа упатуваа и нацистички поздрави.

По мечот побара од првиот човек на Фудбалската федерација, Борис Михајлов да си поднесе оставка од функцијата, а брзо потоа истото се случи. Ова го вклучи алармот на ФИФА сооглед на тоа што строго се забранува мешање на политиката и спортот, тие го истражуваат случајот.

„Внимателно ја следиме ситуацијата“, изјави портпаролот на ФИФА за „Скај Спортс“.

Како што се наведува, ФИФА се уште не почнала формална истрага за случајот, но доколку се утврди дека оставката е под влијание на премиерот на Бугарија може да биде суспендирана Фудбалската федерација на оваа земја.