На Алкалоид му претстои дуел со Силкеборг – тренерот Лазаров и Џонов ги кажаа своите очекувања

На ракометниот клуб Алкалоид сега му претстои европски предизвик, тимот предводен од селекторот Кире Лазаров, ќе се соочи против Силкеборг од Данска во рамки на Европската лига на EHF.

На пресконференцијата пред новинарите, зборуваше тренерот Кире Лазаров, а на пултот му правеше друштво и ракометарот Иван Џонов, кој истакна дека со нетрпение го очекува европскиот предизвик.

Нашата публика ќе има можност да гледа еден квалитетен натпревар меѓу две екипи кои играат модерен ракомет. Очекувам доста тврд и силен меч“, порача тренерот Кире Лазаров.

На тие зборови, со својо коментар се осврна пред натпреварот и Џонов:

Тактички сме добро подготвени за противникот. Ако одиграме најдобро што знаеме, верувам дека можеме да стигнеме до позитивен резултат. Ќе ни биде потребна и поддршка од македонската публика“, порача Џонов.

Натпреварот меѓу РК Алкалоид и РК Бјерингбро-Силкеборг е закажан за вторник од 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански