Н.Ѓорѓиев: Сакам во јуни да имаме четири победи

370

Македонската одбојкарска репрезентација утре го игра дуелот од 5.коло од А групата од Сребрената Европска лига. Македонија по четири одиграни натпревари има само една победа над аутсајдерот Косово, а загуби двапати од Австрија и еднаш на гостување кај утрешниот ривал Летонија.

  • Играме се подобро, духот кај тимот е се поголем. Би сакал во јуни да завршиме со четири победи, а дуелот со Летонија ќе биде вистински тест, изјави капитенот Никола Ѓорѓиев.

Принудно на овие дуели на позицијата среден блокер игра Иван Андонов, кој за следниот ривал истакна:

  • Летонија е добра екипа. Јас ќе се обидам да дадам максимум и да постигнеме максимум.