МЗТ со убедлив пораз на гостувањето кај Борац во АБА 2 лигата

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје доживеа убедлив пораз на гостувањето во Чачак кај екипата на Борац со 95:73.

Со овој пораз МЗТ најверојатно ги загуби сите шанси за освојување на првото место по во регуларниот дел од АБА 2 лигата.

Чачани успеаја да се реваншираат на МЗТ за поразот од 76:69 на првиот меч кој се одигра во Аеродром, па сега на седум кола до крајот на регуларниот дел Борац има две победи повеќе од „Штрковите“ и подобар биланс во меѓусебните дуели, па само во случај на некоја екстремно лоша серија би можело да се случи да го загуби врвот пред почетокот на плеј-офот.

Ѓоковиќ со 25 поени беше најзаслужниот за победата на Борац, а Ѓорѓе Милошевиќ со 15 и Џабари Хиндс со 13 поени беа најефикасни во редовите на МЗТ.

По 15 одиграни кола во АБА 2, Борац е на првото место со скор 13-2, додека МЗТ е на второто место со 11-4.