МЗТ Скопје утре пак во Солун

Серијата квалитетни тест натпревари пред почетокот на новата сезона, МЗТ Скопје ја продолжува утре со уште едно гостување во Солун.

За разлика од мечот пред две недели, сега противник ќе биде ПАОК со кого македонскиот првак ќе ги одмери силите на негов терен. Натпреварот се игра утре од 16 часот во Спортскиот комплекс на ПАОК, зад затворени врати.

МЗТ Скопје почна со подготвителни натпревари на 5 септември, токму во Солун, но тогаш се сретна со Арис кого го совлада со 70-66. Потоа одигра уште три пријателски дуели и триумфираше на сите три: против Здравље во Скопје и Борац Бања Лука и Младост во Земун каде триумфираше на меѓународниот турнир.

До официјалниот почеток на новата сезона за МЗТ Скопје останува уште една недела. На 28 септември се среќава со ТФТ во Суперкупот на Македонија, а веќе следниот викенд гостува кај Црвена Звезда во првото коло од АБА лигата.