МЗТ Скопје на прославата на 52. роденден остана без еден кошаркар

366

Во пресрет на задутрешниот меч против Морнар во Бар, последниот меч сезонава во АБА-лигата, екипата на МЗТ Скопје Аеродром денеска го прославува својот 52. роденден како актуелен шампион и освојувач на Купот на Македонија.

Денес, во исто време пристигна и информацијата која вели дека Бугарскиот интернационалец Јордан Минчев повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска беше ставен крај на договорот за заем од Фенербахче, чиј член е официјално.

Ова доаѓа на иницијатива на репрезентативецот на Бугарија и тоа покрај инсистирањето на луѓето од МЗТ Скопје соработката да продолжи и за наредната сезона. Преовладала неговата желба да се врати дома и тоа во тимот на Академик од Правец, каде што би имал далеку поголема минутажа.