МЗТ Скопје ќе го има истиот спонзор како Работнички

Македонскиот шампион МЗТ Скопје утре на специјална прес-конференција ќе го обзнани договорот за спонзорство со српската телекомуникациска компанија Телеком Србија, преку македонското претставништво МТел.

Уште на натпреварот од Суперкупот можеше на дресовите на аеродромци да се забележи логото на оваа компанија која од лани е главен спонзор и на вториот македонски кошаркарски гигант Работнички. На утрешната прес-конференција ќе присуствуваат директорите на МЗТ Скопје и МТел, Филип Ѓоревски и Марко Лопичиќ.

МЗТ Скопје е најуспешен македонски кошаркарски колектив во последните 11 години, освојувајќи 10 титули во првенството и седум во Купот на Македонија.