МЗТ Скопје без тренер и без пола тим на „туризам“ во Бар

605

Од екипата на МЗТ Скопје Аеродром информираа дека на вечерашниот меч против Морнар  од клупата ќе биде предводен од помошниот тренер Ѓорѓи Кочов, откако во последен момент прв стратег наместо за Бар поради семејни обврски морал итно да замине во својот дом во Србија.

За „штрковите“ тоа ќе биде дополнителен хендикеп во овој последен дуел од АБА-лигата сезонава, со оглед на отсуството на повредениот Бојан Трајковски, веќе заминатиот Јордан Минчев како и на Џордон Крафорд и Алексеј Нешовиќ, кои немаат право на настап во ова натпреварување.

Овој дуел нема резултатско значење за обата тима, но и едните и другите ќе се обидат да го искористат за воигрување на тоа што ги очекува до крајот на сезоната. За МЗТ Скопје Аеродром тоа е борбата за одбрана на шампионската титула на домашна сцена, но и за достојно завршување на сезоната во АБА преку борбена и пожртвувана игра во текот на сите 40 минути на мечот во Бар.