МЗТ Скопје Аеродором за финале, Блокотехна за мајсторка

245

Кошаркарите на Блокотехна и на шампионот МЗТ Скопје Аеродром попладнево ќе го одиграат четвртиот натпревар од полуфиналната серија од плеј офот. Дуелот е од исклучителна важност за гостите МЗТ Скопје бидејќи по водството од 2-1 во победи со евентуален триумф ќе се изборат за финале со големиот ривал Работнички.

За тимот од Гевгелија Блокотехна победа на домашен терен ќе значи и продолжување на серијата т.е. мајстрока во Скопје во петок.

Почетокот на натпреварот е во 18:30 часот, а ќе го судат:Игор Митровски – Александар Павлов и Иван Мијалковски.

Прв финалист во годинашниов плеј оф е тимот на Работнички, кои синоќа во натпреварот број 3 го совладаа Куманово со 81:65 и остварија максимални 3-0 во победи.