МЗТ е недопирлив за бугарските клубови

Втора победа по ред во пресрет на новата сезона за македонскиот првак МЗТ Скопје, овојпат во првата од двете пресметки на домашен терен против бугарскиот тим Рилски спортист со 82-65 (30-14, 21-19, 14-18, 17-14).

Марко Баковиќ средбата ја заврши со 16 поени и седум скока, Душан Танасковиќ реализира 15 поени, Бојан Крстевски постигна 11, а Марко Миловановиќ 10 поени. Зад името на Војдан Стојановски, пак, останаа запишани девет поени и по шест скока и асистенции.

Шампионот ќе истрча на паркетот веќе утре (вторник) и тоа против истиот ривал, овој пат во меч од затворен карактер со почеток од 17 часот. Суперкупот се игра в сабота, а противник на МЗТ Скопје ќе биде Феникс.