МВР и ФФМ потпишаа Меморандум: Фудбалот треба да биде простор на почит и фер натпреварување, ослободен од негативни појави

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) потпишаа Меморандум за соработка со кој се зајакнува партнерството меѓу двете институции во насока на зајакнување на сигурноста, безбедноста и интегритетот на фудбалските натпревари.

Целта на овој Меморандум е ефективна координација и размена на информации, унапредување на безбедносните протоколи, спречување на насилство и недолично однесување и поттикнување на позитивна спортска култура меѓу навивачите.

Во рамките на соработката ќе се реализираат заеднички безбедносни планови и протоколи за натпревари, редовни координации меѓу службите на МВР и ФФМ, обуки за службени лица и редарски служби, едукативни кампањи за промоција на спортски дух и воведување технолошки решенија за следење и навремена реакција при инциденти.

Со оваа иницијатива, Министерството и Федерацијата испраќаат силна порака дека фудбалот треба да биде простор на почит и фер натпреварување, ослободен од негативни појави.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ смета дека како Фудбалска федерација имат одговорност не само кон играта, туку и кон сите кои се дел од неа – фудбалерите, навивачите, клубовите и општеството.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО