МВП на теренот, но и надвор од него: Венчалниот прстен на врвките од патиките

Две години по ред, Никола Јокиќ е прогласуван за МВП во најсилната светска кошаркарска лига, но и по однесувањето надвор од теренот, може да го добие истото признание.

Општо е познато дека води интересен живот, неконвенционален за спортистите, не се експонира на социјалните мрежи и е посветен на семејството и на својата најголема пасија – коњите. Но, за него е врзан и интересен момент кој, исто така, го издвојува од останатите.

На секој натпревар, на врвките од патиките, Никола Јокиќ го врзува венчалниот прстен и со него игра. Сопругата Наталија и ќерката Огњена постојано го следат од трибините на натпреварите во Денвер, а тој на овој начин ја покажува своја љубов и поврзаноста со семејството.