МВП на финалето од НБА со тажна животна приказна

Првата ѕвезда на новиот НБА шампион Торонто, Кавај Ленард е прогласен за МВП на финалнаата серија.

За Ленард ова е второ вакво признание во кариерата. Со ова тој е еден од тројцата кошаркари во историјата на лигата, кој освоил МВП титули со две различни екипи. Претходно и со Сан Антонио во 2014 година. Ленард во финалната серија имаше проек од 28.2 поени и 9.8 скокови.

Сепак овој 27-годишен кошаркар вели дека премногу тешки работи му се случиле во животот надвор од кошарката што тој едноставно не дозволува емоциите да му ја загрозат можноста да направи историја.

Во 2008 година, кога Каваи имал 16 години доживела голем удар бидејќи неговиот татко бил убиен во дуќаност што го поседувал. Убиството останува нерасветлено, убиецот не е пронајден.

„Кога се случи, многу размислував за тоа, кога станав повозрасен едноставно престанав. Но, случката ме научи дека животот и кошарката се две различни раобти и дека треба едноставно да уживам во добрите моменти. Ова е кошарка, треба да се излезе на теренот и да биде забавно. Периодот на играње кошарка ќе бидат најдобрите години во мојот живот“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МЗТ Скопје нема да менува: Кочов потврден

Мундобаскетот посиромашен за уште една ѕвезда: Австралија без главниот играч

Сведоштво од прва на човекот кој бил во другиот автомобил при сударот со Кузмиќ

(ВИДЕО) Борба со времето: Кузмиќ со хеликоптер итно пренесен во Белград

Фото: Кошаркарот на Црвена Звезда во кома по страшната несреќа – автомобилот уништен

Залудно го префрлаа во Црвена Звезда – Теодосиќ си најде нов клуб

Спектакл на Западот: Блокбастер меѓу Оклахома и Хјустон

Кошаркар од соседството, потпиша за Голден Стејт

Уште еден „првоборец“ го напушти Голден Стејт