Мурињо за начинот на кој единствено Азар би бил подобар од ова што е

Жозе Мурињо плукна врз професионализмот на Еден Азар, за кој истакна дека на тренинзите бил заникаде и немал никаква работна етика.

30 годишниот белгиски фудбалер минатата сезона имаше низа повреди во Реал Мадрид, не успеа да врза 4-5 натпревари во серија, бидејки постојано се повредуваше.

„Специјалниот“ кој во минатото соработуваше со Азар во Челси, истакна дека на тренинзите бил ужасен.

Што да ви кажам? Тој е одличен играч, но на тренинзите е ужасен. Тој е одличен човек прво, посветен на семејството, на децата, делува како некој кој е далеку од својата генерација играчи, одличен е на терен, но на тренинзите, воопшто не работи како што се бара, доста е тивок и мрзелив“.

„Кога е на тренинг, не може да видите негов блесок, бидејки не работи многу. Сметам дека доколку тренира исправно и како што бараат тренерите од него, тој ќе биде далеку подобар играч“, истакна Жозе Мурињо.