Мурињо со објаснување зошто Алексис Санчез не успеал на „Олд Трафорд“

Жозе Мурињо го доведе Алексис Санчез во редовите на Манчестер Јунајтед во јануари 2018. година.

На Чилеанецот му истекуваше договорот со Арсенал, „Специјалниот“ се согласи на трампа со „Топчиите“, па кон Северен Лондон го испрати Хенрик Мхитарјан.

Алексис веднаш стана еден од најплатените играчи во лигата, требаше со Лукаку да го предводи нападот на „Ѓаволите“ до титулата.

Сепак, далеку од тоа дека успеа, играше очајно, на теренот речиси секогаш изгледаше бледо, по што веднаш се појавија критиките на сметка на Мурињо.

Сите се надеваа дека во сезоната 2018/19 би можел да се врати на старите патеки, не успеа, следуваа и повреди, стана јасно дека Јунајтед направи голема грешка со него.

Во декември го отпуштија Мурињо, ниту Солскјер не успеа да го „оживее“ Чилеанецот, па ова лето беше донесена одлука да оди на позајмица во Интер, каде ќе продолжи да игра со Ромелу Лукаку.

Јунајтед дури и прифати да плаќа 215 илјади евра неделно, како дел од неговата плата.

Сега и Мурињо се огласи кога станува збор за неуспехот на Санчез на „Олд Трафорд“, но и за Лукаку, откако двајцата летово го напуштија Јунајтед и се преселија во Интер.

„Лукку даваше голови за ВБА, Евертон и за Јунајтед. Кога станува збор за него, се чини дека до заминување дојде поради амбициите на играчот, желбата за промена, а не бидејќи не направи ништо за клубот.

Санчез… Имав чувство дека не е среќен човек. Мислам дека е така во секоја работа, ако не сте среќни не можете да играте на секое ниво.

Можеби и не сум во право. Можеби проблемот беше во мене што не бев способен да го извлечам најдоброто од него. Како тренер некогаш имате капацитет да го извлечете најдоброто од играчот, а некогаш едноставно пристапот не ви е добар.

Но, реалноста е дека секогаш имав чувство за Санчез дека е тажен човек. Па така веројатно во Италија ќе успее да се опорави. Се надевам дека ќе се случи тоа. На секој играч секогаш му посакувам најдобро“, изјави „Специјалниот“.