Мурињо „случајно“ откри – Дали ова е неговата следна дестинација?

Жозе Мурињо доби отказ на крајот од минатата година по низата лоши резултати во Манчестер Јунајтед.

Од тогаш, пристигнуваа голем број понуди на негова адреса, но тој сите уредно ги одби бидејќи не сакаше да преземе ниту еден клуб среде сезона.

Се споменуваше и негово враќање во Реал, меѓутоа по изјавата за „Канал Плус“ на многумина им е јасно дека тој сака нов предизвик.

„Не можам да кријам, ми недостасуваат тренинзите и секојдневните обврски во клубот, но до јуни нема да тренирам никого.

Размислував што сакам, а тоа е да освојам титула во петта држава и уште еднаш да ја освојам Лигата на шампионите“, изјави Мурињо.

Што му останува?

Ако се исклучат Англија, Италија, Шпанија и Португалија, каде веќе има освоено титули, клубови кои се конкурентни за освојување на ЛШ се германските Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, како и ПСЖ од Франција. Тоа се две земји каде Мурињо не работел досега, а воедно имаат и клубови кадарни за трофејот во Лигата на шампионите.

ПСЖ најави продолжување на соработката со Томас Тухел, додека Лусиен Фавр е сигурен на клупата на „Милионерите“.

Останува Баерн кој има проблеми во играта, а ни играчите не се наклонети кон Нико Ковач кој е под се поголем притисок.

Со ова јасно се алудира која би можело да биде следната дестинација на „Специјалниот“…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Последно инфо – што рече Лукаку за трансфер сагата со Интер

ВИДЕО: Само што почна финалето од Купот на нации во Африка – и гол!

Сите мислеа дека моментот со Роналдо бил клучен – но Де Лихт ја откри причината за трансферот во Јуве

Блесна на Копа Америка, а сега на интересен начин откри каде ќе ја продолжи кариерата

Веќе нема дилеми: По ова е јасно дека Икарди е блиску до Јувентус

Барселона го врати Валдес

И повеќе од заслужено: Мадрид му изрече казна од 250.000 евра на Рамос!

Управата на Барселона даде зелено светло: Ракитиќ и Кутињо на продажба

Мегваер е прескап, Јунајтед се насочува кон новопечениот играч на Јувентус?!