Мурињо си замина, но работите не се менуваат: Погба сака да го напушти Јунајтед?!

Заминувањето на Жозе Мурињо значеше крај на маките за Пол Погба на „Олд Трафорд“. Пристигна Оле Гунар Солскјер, тензиите ги снема, а Французинот почна да пружа фантастични игри.

Меѓутоа, сега новинарот на шпански „АС“ Марко Руиз тврди дека Пол Погба и понатаму сака да го напушти Манчестер Јунајтед, без оглед на заминувањето на Жозе Мурињо од „Олд Трафорд“.

Наводно опцијата која ја преферира е Реал Мадрид, но Руиз тврди дека ни враќање во Јувентус не е невозможно.

Пол Погба во екот на тензиите и проблемите со Мурињо се поврзуваше со Барселона, но каталонскиот гигант повеќе не се споменува како опција за Французинот, секако ако навистина одлучи да си замине од Јунајтед.

И самиот Погба пред неколку дена ги потпали шпекулациите за потенцијален трансфер порачувајќи им на новинарите дека „Реал Мадрид е сон за секого“.

Јасно е дека клубот кој сака да го доведе Погба во своите редови ќе мора да подготви голема сума на пари бидејќи Јунајтед ќе сака да оствари профит од неговиот трансфер. Инаку, „Црвените ѓаволи“ за Погба во 2016. година издвоија повеќе од 100 милиони евра.

Реал е меѓу ретките клубови кои можат да си дозволат скапоцени засилувања, а и Јувентус покажа дека е подготвен да троши откако за Кристијано Роналдо издвои повеќе од 100 милиони евра минатото лето.

Договорот на Погба со Манчестер Јунајтед важи до 2021. година, така што клубот од „Олд Трафорд“ може да бара позавидна сума на пари за неговиот трансфер.

Доколку Погба, пак, влезе во следната сезона како фудбалер на Јунајтед, „Црвените ѓаволи“ ќе мораат да започнат операција за продолжување на неговиот договор со цел да не бидат приморани, условно кажано, евтино да го продадат Французинот во летото 2020. година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова жртва и трагедија во семејството Сала: Ништо не е веќе исто за нив овие неколку месеци

Адебајор раскажа анегдота: Како Мурињо беснееше во соблекувални поради Роналдо

Силна најава на Скај Спорт: Азар и Погба во пакет кај Зидан

Вирусот повторно актуелен – Рој Кин анализира што ќе му направат на Оле Солскјер

Јанев до пред неколку месеци беше незаменлив во Беласица, а пред него сега е најважната животна битка

Тито Виланова на шест дена пред смртта го повикал Меси и со својот потег ја спасил Барселона

Првиот фудбалер кој летово ќе го напушти Јунајтед, ќе се пресели во Арсенал?!

Докторот му најавил дека ќе умре, а тој почина следниот ден за време на натпревар

Потврдено: Барса подготви огромна сума на пари за ѕвездата на преодниот рок