Мурињо се изјасни за Реал и ги шокираше сите, кој ќе биде неговиот следен чекор?

Жозе Мурињо демантираше дека чека смена на Зидан за да се врати во Реал Мадрид.

Во текот на целото лето се пренесуваат вести дека има договор со Перез да почека и дека тој ќе биде наследник на Французинот кој ја загуби довербата, како поради резултатите на теренот, така и надвор од него, со оглед на конфликтите со повисоките ешалони на клубот.

Наводно Мурињо одбил неколку француски клубови, Рома и Бенфика со цел да го сочека развојот на ситуацијата во Реал.

„Не одам назад во Реал, тоа е исклучено. Имаат добар тренер, многу направи за овој клуб во минатото. Не лажам, навистина го мислам тоа и се надевам дека овој тим ќе се извлече од проблемите во следните недели. Зидан многу освои со Реал и заслужува и трпение и поинаков однос“, изјави Португалецот.

Кои се плановите на Мурињо?

„Одмарам, учам нови работи. Како на пример германски јазик, за случај да ми затреба за во иднина“, повтори Мурињо, кој зборува и англиски, шпански, италијански и француски.

Нико Ковач не е безбеден во Баерн, иако победата против Звезда малку ги смири страстите. Сепак, постарите играчи не се задоволни, но засега се уште нема назнаки дека Хрватот ја губи довербата.

Кога станува збор за Реал, ако се исклучи Мурињо, во игра влегува Алегри, но наводно прв избор на Флорентино Перез е Чаби Алонсо, легендата која сепак штотуку ја започна тренерската кариера.