Мурињо откри кој противник „му го посакува“ на Јунајтед за 1/4 во ЛШ – тоа би бил спектакл!

Жозе Мурињо кој веќе 4 месеци е без работа, извесен период е ангажиран од француската телевизија BeIN Sport, која е во сопственост на газдите на ПСЖ, да биде како стручен аналитичар.

Португалецот запрашан во едно од последните излагања на тв дебата, со кого сака да го види Манчестер Јунајтед во ЛШ, во четвртфиналето, Мурињо даде доста опширен и интересен одговор, односно предвидување.

Би сакал да видам англиски пресметки меѓусебни, без некои преферирања. Би сакал да гледам две класика на англиските екипи во четвртфиналето, што би значело дека најмалку две екипи од Англија ќе патуваат во полуфиналето“.

„Мислам дека ждрепка во видот на Сити против Јунајтед и Ливерпул против Тотенхем, би било нешто спектакуларно, фантастични мечеви. Мојот втор избор за пресметки во ЛШ би била двојката Ајакс против Порто, што би значело дека една од овие две екипи ќе влезе во големото полуфинале. Двете екипи беа одлични досега и мислам дека би било фантастично за нив да дојдат до полуфинале“, констатира Португалецот.

Мурињо заврши неславно во Манчестер Јунајтед во декември, по што на средина од декември, беше заменет со Оле Гунар Солскер, кој е пред сензационален договор со „црвените ѓаволи“ за да им стане перманентен тренер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Челси веќе решиле кому ќе припадне 10-та на Азар?

Зидан го потврди она што се зборува на големо за Бејл во Мадрид

Бејл дури и од клупа денеска, успеа да ги налути навивачите на Реал Мадрид

Титулата на Сити во Купот го спаси Јунајтед од големи претумбации ова лето

ВИДЕО: Реал Мадрид со нов пораз ја заврши кошмарната сезона

Избрани најдобрите играчи за сезоната 2018/19 во Серија А

Милан се пазари со УЕФА: Ако не влезат во ЛШ да не играат ЛЕ и да се смета како казна

Крај на една ера: Компани си замина од Сити по 11 години

Простување од Мадрид: „АС“ ја објави листата на играчи кои последен пат ќе играт за Реал