Мурињо го загуби последниот сојузник, Сер Алекс одлучува за судбината на Погба?

Иако Жозе Мурињо тврди дека неговата позиција не е загрозена, медиумите на Островот сметаат дека неуспех против Фулам ќе го натера клубот да го активира планот кој постои, односно да се ослободи од „Специјалниот“.

Во Јунајтед се зборува дека Мурињо ја загубил поддршката и од Сер Алекс Фергусон и дека Шкотланѓанецот смета дека, иако е во право за Погба, Португалецот не успеал да донесе борбен дух во соблекувалната.

Што се однесува до Погба, летоска за него беше одбиена понуда од Барселона која ги нудеше Мина и Андре Гомеш. Разбирливо е што Јунајтед тоа го отфрли без размислување, но од сегашната позиција, кога Французинот е резерва, јасно е дека тоа можеби и немаше да биде лош трансфер.

И Сер Алекс ќе се прашува за целата ситуација. Наводно Мурињо смета на него како сојузник во желба да се ослободи од Погба, но Шкотланѓанецот работи зад кулисите и сигурно е дека нема јавно да се огласи, иако неговиот збор и понатаму има тежина во клубот.

Она што би требало да се каже е дека Погба не делуваше нималку расположено по ремито со Арсенал кога беше тргнат од тимот и шанса му беше дадена во финишот.

„Што сакате да ви кажам?“, им изјави на новинарите кои го прашаа за неговото мислење за мечот…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Го нема Нејмар – нема проблем: Ете зошто Мбапе го нарекуваа „вонземјанин“

Дали со ова Мурињо најави кој клуб ќе го презеде: Ништо не сокри од новинарот

(ВИДЕО) Икарди во живо ја проследи пораката од фановите на Интер: Предавнику, оди си!

Денес нова трагедија го потресе регионот: На натпревар почина 19-годишен фудбалер

Реал беше понижен од Џирона, а се најде „маж“ од нивните редови кој призна: Јас сум виновен за се!

Мурињо даде одговор дали и колку го гледа Јунајтед по отказот во декември

Фелипе од Вардар со жестока порака до ФФМ: Срамота, МАФИЈА!

ВИДЕО: Интер знае да победува и без Икарди

Самиот на себе си е конкуренција: Рамос е апсолутен рекордер според црвени картони!