Мурињо и да сакаше – не можеше да добие подобри вести пред Севиља

2849

Составот на Манчестер Јунајтед и екипата на Севиља вечерва на „Олд Трафорд“ во реванш мечот од 1/8 финалето ќе одлучуваат за патникот во следната фаза.

Првиот меч игран во Шпанија заврши без победник, но и без голови (0-0). Фановите на „црвените ѓаволи“ се прашуваат како ќе ја постави играта Жозе Мурињо, дали Јунајтед од почеток ќе игра да го реши победникот или пак во свој стил ќе чека грешка на противникот.

Како и да е, добри вести се тоа што Пол Погба се врати откако го пропушти последни меч, како и тренингот во понеделник, но островските медиуми веќе го сместија во почетнит тим за вечерва.

Доколку има непредвидени промени, Манчестер од првата минута ќе започне со: Де Хеа, Валенсија, Смолинг, Беили, Јанг, Матиќ, Погба, Мата, Санчез, Рашфорд и Лукаку.